

За Обуката
Обуката за топла и ладна депилација на цело тело и лице е наменета за сите кои сакаат професионално да ја совладаат техниката на отстранување на несаканите влакна. Програмата комбинира теоретска и практична настава, при што учесниците стекнуваат знаење за правилна подготовка на кожата, избор на соодветен вид восок, техники на работа за различни региони од телото и правилна нега по третманот.
За време на обуката, кандидатите работат на модели и учат како безбедно и професионално да изведуваат третмани на лице и тело, со почитување на сите хигиенски и безбедносни стандарди. По завршувањето на обуката, учесниците се подготвени самостојно да изведуваат услуги за депилација во козметички салон или како дел од сопствен бизнис.
Програма
Основи на топла и ладна депилација
Хигиена и безбедност при работа
Индикации и контраиндикации
Подготовка на кожата пред третман
Работа со топол и ладен восок
Депилација на лице
Депилација на раце
Депилација на нозе
Депилација на пазуви
Депилација на интимна регија (бикини зона)
Правилна техника на нанесување и отстранување на восокот
Нега на кожата по третманот
Практична работа на модели
Совети за професионално работење со клиенти
Кандидатите кои ќе ја завршат обуката и ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за самостојна работа
Сертификат естеричар за депилација – топла и ладна
Информации за упис
Времетраење1 ден
* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.