ЛАСАМРАХ КОЗМЕТИКС ДООЕЛ

ПРЕМИУМ СВЕТ НА УБАВИНА, НЕГА И ЕДУКАЦИЈА.

Education and Tools

За нас

Нашата цел е да изградиме силна врска помеѓу квалитетни производи, стручно знаење и професионален развој. Работиме со јасна визија – да понудиме проверени решенија и висококвалитетна едукација која создава нова генерација на обучени и самостојни професионалци.

Организираме модерни обуки за нова генерација професионалци, со цел создавање практични вештини, знаења и сигурна основа за кариера.

Производи и дистрибуција

Производи и дистрибуција

Ласамрах Козметикс е генерален увозник и дистрибутер на брендот Ориент Козметикс во Република Северна Македонија, бренд кој е препознатлив по својата професионална формулација и високи стандарди во козметичката индустрија.

Ориент Козметикс е специјализиран за:

  • природни и професионални масла за масажа
  • производи за релаксација и нега на тело
  • козметички препарати за професионални третмани на лице
  • производи за естетска и СПА индустрија

Нашата понуда е внимателно селектирана за да ги задоволи потребите на козметички салони, СПА центри и професионалци кои работат со високи стандарди. Секој производ е избран со фокус на ефикасност, безбедност и долготрајни резултати.

Едукации и обуки

Едукации и обуки

Ласори Едукативен Центар претставува едукативен центар базиран на тим од експерти и едукатори со долгогодишно искуство. Нашите програми се дизајнирани да обезбедат практично знаење, реална примена и професионална подготовка за работа во различни индустрии.

Обуки кои ги нудиме опфаќаат:

  • Козметичка индустрија и лични услуги
  • Личен и професионален развој
  • Машки и технички занаети

Нашите обуки се специјализирани обуки за практични вештини, програми за поединци и компании, усовршување и дообука на веќе вработен кадар, прилагодени корпоративни обуки според потребите на компанијата.

Дополнително, наш официјален партнер и спонзор за програмите од областа на машки занаети е combo.mk, со кого заеднички ја поддржуваме практичната едукација и развојот на технички кадри.

Мисија

Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни производи и професионална едукација која создава компетентни, самоуверени и конкурентни професионалци, подготвени за реалниот пазар на труд.

Визија

Нашата визија е да станеме водечки регионален центар за премиум свет на убавина, нега и едукација, кој поставува нови стандарди во квалитет, иновација и професионален развој.

Вредности

  • Професионалност и доверба
  • Квалитет без компромис
  • Континуирана едукација
  • Иновативност и развој
  • Поддршка на клиенти и ученици за обука

Подготвени сте за Вашиот нов почеток?