Едукативен Центар

Професионални обуки и едукативни програми

Инвестирајте во сопственото знаење. Стекнете се со вештини кои се веднаш применливи на пазарот на труд под раководство на врвни ментори.

Лични-козметички услуги

Powder brows - микропигментација на веѓи

Powder brows - микропигментација на веѓи

Специјализирана обука за техниката Powder Brows, наменета за стекнување знаења и практични вештини за создавање природен ефект на меко засенчени и дефинирани веѓи. Програмата опфаќа анализа на лицето, мапирање и симетрија на веѓите, колориметрија, избор на пигменти, правилно користење на апаратурата и совладување на основните принципи на техниката Powder Brows. Посебно внимание се посветува на хигиената, безбедноста, проценката на клиентот и правилната нега по третманот. Програмата опфаќа: Основи на микропигментација Анатомија и карактеристики на кожата Хигиена и безбедност при работа Апаратура, игли и пигменти Колориметрија и избор на нијанса Мапирање и симетрија на веѓите Техника Powder Brows Корекција и нега по третманот Практична работа и проверка на знаењата

Времетраење: 2 дена
Види повеќе
Powder lips - Микропигментација на усни

Powder lips - Микропигментација на усни

Специјализирана обука за техниките на микропигментација на усни, наменета за стекнување знаења и практични вештини за подобрување на визуелната дефиниција, симетријата и бојата на усните. Програмата опфаќа анализа на природната форма на усните, избор на пигменти, колориметрија, подготовка на клиентот, правилно користење на апаратурата и техники за рамномерна распределба на бојата. Посебен акцент се става на хигиената, безбедноста, препознавањето контраиндикации и правилната нега по третманот.

Времетраење: 2 дена
Види повеќе
Вакуум чашки + ice cupping

Вакуум чашки + ice cupping

Обуката со вакуум чашки е наменета за сите кои сакаат професионално да ги совладаат техниките за вакуум терапија кои придонесуваат за подобрување на циркулацијата, стимулирање на природните процеси на организмот и олеснување на мускулната напнатост. Програмата опфаќа теоретска и практична настава и ги вклучува сите неопходни техники за безбедна и правилна примена на вакуум чашките во козметички и велнес третмани. За време на обуката, кандидатите ќе се запознаат со различните видови вакуум чашки, нивната примена на различни делови од телото, како и со техниките на работа кои овозможуваат постигнување оптимални резултати. По успешно завршување на обуката, учесниците ќе бидат подготвени самостојно да ги изведуваат третманите согласно професионалните стандарди. ПРОГРАМА Скратена програма на обуката Вовед во вакуум терапијата Историја и примена на вакуум чашките Индикации и контраиндикации Анатомија на телото и циркулаторниот систем Видови вакуум чашки и нивна намена Подготовка на клиентот и работниот простор Техники на статична и динамична вакуум терапија Површински техники со вакуум чашки Техники кои вклучуваат контролирана подготовка на кожата Работа на различни региони од телото Нега по третманот Практична работа на модели По завршена обука и успешно положен завршен испит кандидатите се стекнуваат со Сертификат за терапија со вакуум чашки

Времетраење: 1 ден
Види повеќе
Водоинсталатер

Водоинсталатер

Практична обука за монтажа, поврзување, одржување и основно сервисирање на водоводни и санитарни инсталации. Учесниците се запознаваат со видовите цевки и фитинзи, санитарната опрема, алатот и техниките за проверка на исправноста на инсталацијата. Програмата опфаќа: Основи на водоводните инсталации Видови цевки, фитинзи и вентили Алат и материјали за монтажа Мерење, сечење и спојување цевки Монтажа на санитарна опрема Одводни и канализациски инсталации Проверка на непропустливост Одржување и поправки Безбедност при работа

Времетраење: 7 недели
Види повеќе
Дуал типсови - напредно ниво маникир

Дуал типсови - напредно ниво маникир

Професионална обука за модерна надградба на нокти со дуал типс техника, наменета за почетници кои имаат базна обука за маникир и лица кои сакаат да ги усовршат своите техники во маникир индустријата. Кандидатите учат правилна подготовка на нокт, работа со полигел и гел, поставување на различни дуал форми, baby boomer техника и креирање прецизни и долготрајни форми на нокти. Обуката е фокусирана на практична работа, правилна архитектура на нокт, прецизност и брзина при работа со клиенти. Обуката може да биде групна или индивидуална. Кандидатите после обуката се стекнуваат со сертификат за работа со дуал типсови.

Времетраење: 1 ден
Види повеќе
Естетичар за депилација - топла и ладна

Естетичар за депилација - топла и ладна

Обуката за топла и ладна депилација на цело тело и лице е наменета за сите кои сакаат професионално да ја совладаат техниката на отстранување на несаканите влакна. Програмата комбинира теоретска и практична настава, при што учесниците стекнуваат знаење за правилна подготовка на кожата, избор на соодветен вид восок, техники на работа за различни региони од телото и правилна нега по третманот. За време на обуката, кандидатите работат на модели и учат како безбедно и професионално да изведуваат третмани на лице и тело, со почитување на сите хигиенски и безбедносни стандарди. По завршувањето на обуката, учесниците се подготвени самостојно да изведуваат услуги за депилација во козметички салон или како дел од сопствен бизнис. Програма Основи на топла и ладна депилација Хигиена и безбедност при работа Индикации и контраиндикации Подготовка на кожата пред третман Работа со топол и ладен восок Депилација на лице Депилација на раце Депилација на нозе Депилација на пазуви Депилација на интимна регија (бикини зона) Правилна техника на нанесување и отстранување на восокот Нега на кожата по третманот Практична работа на модели Совети за професионално работење со клиенти Кандидатите кои ќе ја завршат обуката и ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за самостојна работа Сертификат естеричар за депилација – топла и ладна

Времетраење: 1 ден
Види повеќе
Класична мадеротерапија и бразилска мадеротерапија

Класична мадеротерапија и бразилска мадеротерапија

Обуката за класична и бразилска мадеротерапија е наменета за сите кои сакаат професионално да ги совладаат техниките за обликување на телото, намалување на целулитот, подобрување на циркулацијата и лимфната дренажа со помош на специјално дизајнирани дрвени алатки. Програмата опфаќа теоретска и практична настава, при што кандидатите се обучуваат за правилна примена на техниките на целото тело, според индивидуалните потреби на клиентот. За време на обуката, учесниците ќе научат како правилно да ги користат сите мадеро алатки, како да изработат индивидуален план за третман и како безбедно и професионално да работат со клиенти. По успешно завршување на обуката, кандидатите ќе бидат подготвени самостојно да изведуваат класична и бразилска мадеротерапија во козметички салон или како самостојна услуга. ПРОГРАМА Вовед во класична и бразилска мадеротерапија Анатомија на телото и лимфниот систем Индикации и контраиндикации Запознавање со мадеро алатките и нивната намена Правилно користење на козметички производи и масла Техники за класична мадеротерапија Техники за бразилска мадеротерапија Работа на различни региони од телото Лимфна дренажа и антицелулитни техники Протоколи за обликување на телото Практична работа на модели Нега и препораки по третманот Работа со клиенти и професионална презентација на услугата Кандидатите кои ќе ја завршат обуката и ќе го положат завршниот испит се стекуваат со 2 сертификати - за класична мадеротерапија и бразилска мадеротерапија

Времетраење: 1-2 дена
Види повеќе
Козметичар за нега на лице - напредно ниво

Козметичар за нега на лице - напредно ниво

Напредна обука за козметичар – нега на лице Четиридневна специјализирана обука за козметичари кои сакаат да ги надградат своите знаења и да совладаат современи апаратни и козметички третмани за нега на лицето. Програмата опфаќа хигиенски третман со ултразвучна шпатула, Hydrafacial третман, ултразвучен хијалуронски третман, третман со 24К злато и примена на хемиски пилинзи кај одредени индикации, вклучувајќи акни, флеки, хиперпигментација и знаци на стареење. Учесниците се обучуваат за проценка на состојбата на кожата, избор на соодветна постапка, правилно користење на апаратурата и примена на професионални протоколи со акцент на безбедноста. Програмата опфаќа: Дијагностика и анализа на кожата на лицето Хигиенски третман со ултразвучна шпатула Hydrafacial третман Ултразвучен хијалуронски третман Третман со 24К злато Хемиски пилинзи за кожа склона кон акни Хемиски пилинзи за флеки и хиперпигментација Пилинзи за подобрување на текстурата и изгледот на кожата Третмани со ефект на освежување и подобрување на изгледот на кожата Посттретманска нега и препораки за клиентот

Времетраење: 4 дена
Види повеќе
Козметичар за нега на лице и тело

Козметичар за нега на лице и тело

Професионална обука наменета за сите кои сакаат да стекнат знаење и практични вештини во областа на козметичката нега на лице и тело. Програмата ги опфаќа основите на козметологијата, анализа на кожа, современи третмани за нега на лице и тело. Кандидатите учат правилно чистење, хидратација, смирување и подобрување на изгледот на кожата на лице и тело, како и професионална употреба на ултразвучна шпатула на лице. Програма Основи на козметологија Козметички третрмани и нега на лице Козметички третмани и нега на тело Практична работа и полагање на модели и комплетен третман на лице и тело Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката и завршниот испит се стекнуваат со - Сертификат за козметичар за нега на лице и тело

Времетраење: 8 дена
Види повеќе
Ламинација и боење на веѓи и трепки

Ламинација и боење на веѓи и трепки

Обуката за ламинација и боење на веѓи и трепки е наменета за почетници, како и за лица кои сакаат да ги надградат своите знаења и практични вештини во областа на професионалната нега и обликување на веѓите и трепките. Програмата комбинира теоретска настава, демонстрација од едукатор и практична работа на модел. Учесниците ќе се запознаат со правилната подготовка на клиентот, изборот и примената на соодветните препарати, техниките за ламинација и боење, како и со професионалните стандарди за хигиена и безбедна работа. Преку практична настава, учесниците ќе ги совладаат основните техники за постигнување уредни, дефинирани и природно обликувани веѓи и подигнати, нагласени трепки. Посебно внимание се посветува на правилниот избор на производи, индивидуалниот пристап кон клиентот и препораките за нега по третманот. По завршувањето на обуката, учесниците ќе стекнат основни теоретски знаења и практични вештини за изведување на третманите за ламинација и боење на веѓи и трепки. Програма вклучува Основи на структурата и растот на веѓите и трепките Хигиена, подготовка на клиент и безбедност при работа Ламинација на веѓи Обликување и боење на веѓи Ламинација и боење на трепки Практична работа на модел Посттретманска нега и препораки за клиенти Евалуација на стекнатите знаења и вештини

Времетраење: 1 ден
Види повеќе
Маникир - базна обука

Маникир - базна обука

Сеопфатна и професионално структуирана обука наменета за сите кои сакаат да стекнат современи знаења и практични вештини во областа на професионалниот маникир. Програмата опфаќа теоретска и практична настава преку која кандидатите учат правилна нега на природни нокти, професионална подготовка на ноктна плочка, обликување, нанесување гел лак и современи техники за естетски и долготраен изглед на ноктите. Посебен акцент се става на хигиената, дезинфекцијата, правилната употреба на професионални алати и материјали, како и стекнување сигурност при работа со клиенти. Кандидатите ќе научат како правилно да препознаат различни типови нокти, да изберат соодветни производи и да изработат професионален маникир според современи стандарди. ПРОГРАМА Хигиена, безбедност и организација на работа и работен простор Анатомија и анализа на нокт Класичен маникир и подготовка Руски маникир и подготовка Гел лак техника Гел техника, надградба со излевање, форми и декорации (френч,хром,омбре) Практична работа на модел и полагање Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката и го положат завршниот испит Сертификат за БАЗНА ОБУКА ЗА МАНИКИР

Времетраење: 8 дена
Види повеќе
Масер за козметичка масажа - базна обука

Масер за козметичка масажа - базна обука

Професионална обука за козметичка масажа на тело наменета за лица кои сакаат да работат во wellness, SPA и beauty индустријата. Програмата опфаќа техники за релаксација, антицелулитни масажи и подобрување на циркулацијата, како и гратис обука за современи апаратни третмани – кавитација и радиофреквенција. Кандидатите ќе научат правилна техника на движења, професионален пристап кон клиент и комбинирање на рачни техники. ПРОГРАМА Основи на козметичка масажа Видови масажи и масажни техники Антицелулитни техники Кавитација и радиофреквенција Практична работа и полагање Учесниците кои успешно ќе ја поминат обуката и завршниот испит добиваат два сертификати • Сертификат за масер за козметичка масажа • Сертификат за апаратни третмани во комбинација со антицелулитни третмани

Времетраење: 3-5 дена
Види повеќе
Машки фризер - бербер

Машки фризер - бербер

Обука за стекнување практични знаења и вештини од областа на машкото фризерство и берберските услуги. Програмата опфаќа техники на машко шишање, работа со машинка и ножици, обликување на косата, уредување брада и мустаќи и основи на класични и современи берберски стилови. Учесниците се обучуваат за правилно користење на професионален алат, хигиена и безбедност при работа, консултација со клиентот и изведување услуги според формата на лицето, типот на косата и посакуваниот стил. Програмата опфаќа: Хигиена и подготовка на берберскиот работен простор Анатомија и карактеристики на косата и кожата Берберски алати и опрема Основни техники на машко шишање Работа со машинка, тример и ножици Fade техники и премини Обликување брада и мустаќи Контури и завршни детали Класични и современи машки стилови Практична работа

Времетраење: 7 дена
Види повеќе
Надградба на трепки - класик, хибрид, волумен

Надградба на трепки - класик, хибрид, волумен

Професионална обука за надградба на трепки, наменета за почетници и за лица кои сакаат да ги усовршат своите техники. Програмата опфаќа базична техника на класична надградба, како и напредни техники за хибридна и волуменска надградба на трепки. Преку теоретска и практична настава, учесниците се запознаваат со правилниот избор на материјали, подготовката на природните трепки, техниките на апликација, обликувањето на погледот и правилната нега по третманот. Програмата опфаќа: Основи на надградба на трепки – класична техника Хибридна надградба на трепки Волуменска надградба на трепки Хигиена, безбедност и подготовка на клиентот Практична работа и корекција на техниката

Времетраење: 6 дена
Види повеќе
Обука за апартани третмани на тело - радиофреквенција, кавитација и липоласер

Обука за апартани третмани на тело - радиофреквенција, кавитација и липоласер

Обуката за апаратни третмани на тело е наменета за почетници и за лица кои сакаат да ги надградат своите знаења и практични вештини во областа на естетските третмани на тело. Програмата комбинира теоретска настава, демонстрација од едукатор и практична работа со апарати. Учесниците ќе се запознаат со принципите на работа, намената и правилната примена на радиофреквенцијата (RF), ултразвучната кавитација и липоласерот, како и со подготовката на клиентот, изборот на соодветни параметри и безбедносните протоколи. Посебен акцент се става на правилното ракување со апаратите, препознавањето индикации и контраиндикации, индивидуалниот пристап кон клиентот и следењето на резултатите од третманите. По завршувањето на обуката, учесниците ќе стекнат основни теоретски знаења и практични вештини за примена на трите технологии, согласно упатствата на производителите и безбедносните стандарди. Програма Основи на апаратните третмани на тело Хигиена, подготовка на клиент и безбедност при работа Радиофреквенција (RF) – третмани на тело Ултразвучна кавитација – третмани на тело Липоласер – третмани на тело Комбинирање на апаратни третмани Практична работа со апарати Посттретманска нега и евалуација

Времетраење: 1 ден
Види повеќе
Педикир - класичен,спа и апаративен педикир + гел лак на нозе

Педикир - класичен,спа и апаративен педикир + гел лак на нозе

Професионална обука која ги опфаќа сите современи техники за педикир, нега на стапала и естетски третмани за нозе. Кандидатите учат правилна обработка на стапала, професионален SPA третман, руски педикир со електрична турпија + гратис обука за нанесување гел лак на нозе. Посебен акцент се става на хигиена, прецизност и правилен избор на производи за професионална услуга. ПРОГРАМА Хигиена и подготовка Класичен педикир SPA педикир Руски педикир Гел лак на нозе Практична работа - Комплетен педикир третман Кандидатите кои ќе ја завршат обуката и ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за самостојна работа • Сертификат за педикир

Времетраење: 1 ден
Види повеќе
Професионален шминкер + гратис обука за свечени фризури

Професионален шминкер + гратис обука за свечени фризури

Сеопфатна и професионално структуирана обука наменета за сите кои сакаат да изградат успешна кариера во светот на професионалната шминка. Програмата опфаќа теоретска и практична настава, преку која учесниците стекнуваат целосно знаење за работа со различни типови кожа, форми на лице и современи техники на шминкање. Во текот на обуката се изучуваат основите на професионалната шминка, правилна подготовка на кожа, теорија на бои, избор и комбинирање на производи, како и креирање на различни стилови – од природна дневна шминка до интензивен вечерен и глам изглед. Посебен акцент се става на практичната работа, прецизноста, хигиената и професионалниот пристап кон клиентите. Покрај шминкањето, во рамки на програмата следува и гратис обука за свечени фризури, каде учесниците ќе научат изработка на локни, пунџи и модерни тренд фризури, со цел да понудат комплетна услуга. ПРОГРАМА Хигиена, алати и организација на работно место Теорија на бои и избор на производи Анализа, типови и подготовка на кожа Контурирање, хајлајт и корекции на лице Работа со различни типови очи и веѓи Вечерна и глам шминка Свечени фризури – гратис обука Фотографија и презентација и портфолио на работа Практична работа и полагање • Комплетен изглед шминка и фризура Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката и го положат завршниот испит • Сертификат за професионален шминкер • Сертификат за свечени фризури

Времетраење: 10 дена
Види повеќе
Свечени фризури

Свечени фризури

Интензивна тридневна обука наменета за лица кои сакаат да ги усовршат своите вештини за изработка на свечени и професионално стилизирани фризури. Програмата опфаќа подготовка на косата, создавање волумен и текстура, техники на виткање, бранови, пунџи и подигнати фризури, како и правилно користење производи и алати за долготрајна фиксација. Преку демонстрации и практична работа, учесниците ќе ги совладаат основните принципи за креирање елегантни фризури за свадби, матури, прослави и други свечени пригоди. Програмата опфаќа: Подготовка и заштита на косата Фризерски алати и производи за стилизирање Волумен и текстура Бранови и локни Пунџи и подигнати фризури Полуподигнати свечени фризури Прицврстување и долготрајна фиксација Практична изработка на свечени фризури

Времетраење: 3 дена
Види повеќе
Фит-лимфно моделирање на тело

Фит-лимфно моделирање на тело

Обуката за Фит-лимфно моделирање на тело – бразилска метода е наменета за сите кои сакаат да ја совладаат современата техника за обликување на телото, стимулирање на лимфниот систем и намалување на задржувањето на течности. Методата комбинира специјални мануелни техники кои придонесуваат за подобрување на циркулацијата, дефинирање на контурите на телото и постигнување видлив ефект уште по првиот третман. Програмата вклучува теоретска и практична настава, при што учесниците ќе научат како правилно да го стимулираат лимфниот систем, да изведуваат техники за моделирање на телото и да креираат индивидуален пристап за секој клиент. По успешно завршување на обуката, кандидатите ќе бидат подготвени самостојно да ја применуваат бразилската метода во козметички и велнес центри. ПРОГРАМА Вовед во Fit лимфното моделирање на тело Основи на лимфниот систем и неговата функција Индикации и контраиндикации Подготовка на клиентот пред третманот Техники за лимфна стимулација Техники за обликување на телото Работа по региони на телото Намалување на задржување течности Техники за дефинирање на силуетата Практична работа на модели Нега и препораки по третманот Професионална работа со клиенти Кандидатите кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат завршниот испит ќе се стекнат со Сертификат за Фит лимфно моделирање на тело

Времетраење: 2 дена
Види повеќе
Фризер

Фризер

Практично ориентирана обука за стекнување знаења и вештини од областа на женското фризерство. Програмата ги опфаќа основните принципи на нега на косата, консултација со клиентот, шишање, фенирање, стилизирање и основни техники за обликување на фризурата. Учесниците се запознаваат со професионалните алати, козметичките производи и правилните постапки за работа, преку теоретска настава, демонстрации и практични вежби. Програмата опфаќа: Хигиена и организација на фризерскиот работен простор Анатомија и структура на косата Дијагностика и нега на косата и скалпот Фризерски алати и производи Шишање и основни техники на обликување Фенирање и стилизирање Техники на виткање и исправување Основи на боење и промена на бојата на косата Комуникација со клиент и практична работа

Времетраење: 7 дена
Види повеќе

Технички-машки занаети

Електричар

Електричар

Практична обука за стекнување основни знаења за електричните инсталации, електричните компоненти, мерните инструменти и правилата за безбедна работа. Програмата опфаќа читање електрични шеми, монтажа на основни инсталациски елементи и проверка на функционалноста на електричните кола. Програмата опфаќа: Основи на електротехниката Електрични проводници и инсталациски материјали Алат и мерни инструменти Читање електрични шеми Монтажа на прекинувачи, приклучници и светилки Разводни табли и заштитни уреди Проверка и основна дијагностика Заземјување и електрична заштита Безбедност и заштита при работа

Времетраење: 8 недели
Види повеќе
Молер - фарбар

Молер - фарбар

Обука за совладување техники за подготовка, обработка и декоративно завршување на ѕидни и тавански површини. Учесниците учат правилно да избираат материјали, да отстрануваат стари премази, да израмнуваат површини и да нанесуваат бои и заштитни премази. Програмата опфаќа: Видови подлоги и материјали Алат и опрема за молерски работи Подготовка и израмнување на површини Глетување и брусење Грундирање Нанесување дисперзивни и други бои Декоративни техники Завршна обработка и контрола на квалитетот Безбедност при работа

Времетраење: 5 недели
Види повеќе
Монтер и сервисер на климатизациони уреди

Монтер и сервисер на климатизациони уреди

Практично ориентирана обука за стекнување знаења и вештини за монтажа, пуштање во работа, одржување и сервисирање на климатизациони уреди. Учесниците се запознаваат со принципите на ладење и греење, составните делови на климатизациските системи, употребата на алат и мерна опрема и откривањето основни неисправности. Програмата опфаќа: - Основи на климатизацијата и ладењето - Видови климатизациони уреди и компоненти - Алат, материјали и мерна опрема - Монтажа на внатрешни и надворешни единици - Бакарни цевки, изолација и одвод на кондензат - Електрични приклучоци и управување - Проверка, пуштање во работа и тестирање - Одржување и сервисирање - Безбедност при работа

Времетраење: 7 недели
Види повеќе
Ракувач со багер

Ракувач со багер

Обука за стекнување знаења и практични вештини за безбедно ракување со багер при ископ, утовар и други земјени работи. Учесниците се запознаваат со компонентите на машината, контролите, подготовката за работа и основните оперативни постапки. Програмата опфаќа: Видови багери и нивна намена Компоненти и управувачки системи Проверка пред започнување со работа Основи на стабилност и работен опсег Практично управување Ископ и ракување со работната опрема Маневрирање и позиционирање Основно одржување Безбедност на градилиште

Времетраење: 5 недели
Види повеќе
Ракувач со виљушкар

Ракувач со виљушкар

Програмата е наменета за стекнување теоретски знаења и практични вештини за безбедно управување со виљушкар при манипулација со палетизиран и друг соодветен товар во магацини, производствени погони и логистички центри. Програмата опфаќа: Видови виљушкари и нивна намена Компоненти и контролни елементи Носивост и стабилност на товарот Проверка пред започнување со работа Управување и маневрирање Подигање, пренесување и складирање товар Работа во магацин и индустриски простор Одржување и основни проверки Безбедност и постапување во итни ситуации

Времетраење: 5 недели
Види повеќе
Техничар за монтажа и сервис на електрични, водоводни и климатиазциони инталации

Техничар за монтажа и сервис на електрични, водоводни и климатиазциони инталации

Програмата е наменета за стекнување пошироки технички знаења за основните системи во станбени и деловни објекти. Опфаќа препознавање компоненти, читање техничка документација, користење алат и мерни инструменти, како и основни монтажни, контролни и одржувачки постапки за електрични, водоводни и климатизациони системи. Програмата опфаќа 1.Основи на техничките системи во објекти Видови инсталации и нивната намена. 2.Основни принципи на работа. Координација на различни инсталациски системи. Читање едноставни технички цртежи и шеми. Алат, материјали и мерна опрема Рачен и специјализиран алат. Основни мерни инструменти. 3.Основи на електрични инсталации Проводници, кабли и инсталациски елементи. Прекинувачи, приклучници и осветлување. Заштитни уреди и заземјување. Основни проверки и препознавање неисправности. Електрична безбедност. 4.Водоводни инсталации Видови цевки, фитинзи и вентили. Подготовка и спојување на цевководи. Монтажа на основни санитарни приклучоци. Проверка на протекување. Основно одржување и препознавање дефекти. 5.Климатизациони системи Основни принципи на ладење и греење. Компоненти на климатизациони уреди. Монтажни материјали и алат. Основи на одржување и чистење. Основна дијагностика и техничко одржување Безбедност и организација на работата

Времетраење: 8 недели
Види повеќе

Сакате да започнете нова кариера?

Контактирајте нѐ за повеќе информации околу уписите, цените и почетокот на следните групи.