

За Обуката
Професионална обука за надградба на трепки, наменета за почетници и за лица кои сакаат да ги усовршат своите техники. Програмата опфаќа базична техника на класична надградба, како и напредни техники за хибридна и волуменска надградба на трепки.
Преку теоретска и практична настава, учесниците се запознаваат со правилниот избор на материјали, подготовката на природните трепки, техниките на апликација, обликувањето на погледот и правилната нега по третманот.
Програмата опфаќа:
Основи на надградба на трепки – класична техника
Хибридна надградба на трепки
Волуменска надградба на трепки
Хигиена, безбедност и подготовка на клиентот
Практична работа и корекција на техниката
Информации за упис
Времетраење6 дена
* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.