

За Обуката
Специјализирана обука за техниката Powder Brows, наменета за стекнување знаења и практични вештини за создавање природен ефект на меко засенчени и дефинирани веѓи.
Програмата опфаќа анализа на лицето, мапирање и симетрија на веѓите, колориметрија, избор на пигменти, правилно користење на апаратурата и совладување на основните принципи на техниката Powder Brows.
Посебно внимание се посветува на хигиената, безбедноста, проценката на клиентот и правилната нега по третманот.
Програмата опфаќа:
Основи на микропигментација
Анатомија и карактеристики на кожата
Хигиена и безбедност при работа
Апаратура, игли и пигменти
Колориметрија и избор на нијанса
Мапирање и симетрија на веѓите
Техника Powder Brows
Корекција и нега по третманот
Практична работа и проверка на знаењата
Информации за упис
Времетраење2 дена
* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.