

За Обуката
Обуката за ламинација и боење на веѓи и трепки е наменета за почетници, како и за лица кои сакаат да ги надградат своите знаења и практични вештини во областа на професионалната нега и обликување на веѓите и трепките.
Програмата комбинира теоретска настава, демонстрација од едукатор и практична работа на модел. Учесниците ќе се запознаат со правилната подготовка на клиентот, изборот и примената на соодветните препарати, техниките за ламинација и боење, како и со професионалните стандарди за хигиена и безбедна работа.
Преку практична настава, учесниците ќе ги совладаат основните техники за постигнување уредни, дефинирани и природно обликувани веѓи и подигнати, нагласени трепки. Посебно внимание се посветува на правилниот избор на производи, индивидуалниот пристап кон клиентот и препораките за нега по третманот.
По завршувањето на обуката, учесниците ќе стекнат основни теоретски знаења и практични вештини за изведување на третманите за ламинација и боење на веѓи и трепки.
Програма вклучува
Основи на структурата и растот на веѓите и трепките
Хигиена, подготовка на клиент и безбедност при работа
Ламинација на веѓи
Обликување и боење на веѓи
Ламинација и боење на трепки
Практична работа на модел
Посттретманска нега и препораки за клиенти
Евалуација на стекнатите знаења и вештини
Информации за упис
Времетраење1 ден
* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.