
Назад кон обукитеЛични-козметички услуги
Обука за апартани третмани на тело - радиофреквенција, кавитација и липоласер

За Обуката
Обуката за апаратни третмани на тело е наменета за почетници и за лица кои сакаат да ги надградат своите знаења и практични вештини во областа на естетските третмани на тело.
Програмата комбинира теоретска настава, демонстрација од едукатор и практична работа со апарати. Учесниците ќе се запознаат со принципите на работа, намената и правилната примена на радиофреквенцијата (RF), ултразвучната кавитација и липоласерот, како и со подготовката на клиентот, изборот на соодветни параметри и безбедносните протоколи.
Посебен акцент се става на правилното ракување со апаратите, препознавањето индикации и контраиндикации, индивидуалниот пристап кон клиентот и следењето на резултатите од третманите.
По завршувањето на обуката, учесниците ќе стекнат основни теоретски знаења и практични вештини за примена на трите технологии, согласно упатствата на производителите и безбедносните стандарди.
Програма
Основи на апаратните третмани на тело
Хигиена, подготовка на клиент и безбедност при работа
Радиофреквенција (RF) – третмани на тело
Ултразвучна кавитација – третмани на тело
Липоласер – третмани на тело
Комбинирање на апаратни третмани
Практична работа со апарати
Посттретманска нега и евалуација
Информации за упис
Времетраење1 ден
* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.