Техничар за монтажа и сервис на електрични, водоводни и климатиазциони инталации
Назад кон обукитеТехнички-машки занаети

Техничар за монтажа и сервис на електрични, водоводни и климатиазциони инталации

Техничар за монтажа и сервис на електрични, водоводни и климатиазциони инталации

За Обуката

Програмата е наменета за стекнување пошироки технички знаења за основните системи во станбени и деловни објекти. Опфаќа препознавање компоненти, читање техничка документација, користење алат и мерни инструменти, како и основни монтажни, контролни и одржувачки постапки за електрични, водоводни и климатизациони системи. Програмата опфаќа 1.Основи на техничките системи во објекти Видови инсталации и нивната намена. 2.Основни принципи на работа. Координација на различни инсталациски системи. Читање едноставни технички цртежи и шеми. Алат, материјали и мерна опрема Рачен и специјализиран алат. Основни мерни инструменти. 3.Основи на електрични инсталации Проводници, кабли и инсталациски елементи. Прекинувачи, приклучници и осветлување. Заштитни уреди и заземјување. Основни проверки и препознавање неисправности. Електрична безбедност. 4.Водоводни инсталации Видови цевки, фитинзи и вентили. Подготовка и спојување на цевководи. Монтажа на основни санитарни приклучоци. Проверка на протекување. Основно одржување и препознавање дефекти. 5.Климатизациони системи Основни принципи на ладење и греење. Компоненти на климатизациони уреди. Монтажни материјали и алат. Основи на одржување и чистење. Основна дијагностика и техничко одржување Безбедност и организација на работата

Информации за упис

Времетраење8 недели

* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.