ОБУКА Професионален шминкер + гратис обука за свечени фризури
Назад кон обукитеЛични-козметички услуги

ОБУКА Професионален шминкер + гратис обука за свечени фризури

ОБУКА Професионален шминкер + гратис обука за свечени фризури

За Обуката

Сеопфатна и професионално структуирана обука наменета за сите кои сакаат да изградат успешна кариера во светот на професионалната шминка. Програмата опфаќа теоретска и практична настава, преку која учесниците стекнуваат целосно знаење за работа со различни типови кожа, форми на лице и современи техники на шминкање. Во текот на обуката се изучуваат основите на професионалната шминка, правилна подготовка на кожа, теорија на бои, избор и комбинирање на производи, како и креирање на различни стилови – од природна дневна шминка до интензивен вечерен и глам изглед. Посебен акцент се става на практичната работа, прецизноста, хигиената и професионалниот пристап кон клиентите. Покрај шминкањето, во рамки на програмата следува и гратис обука за свечени фризури, каде учесниците ќе научат изработка на локни, пунџи и модерни тренд фризури, со цел да понудат комплетна услуга. ПРОГРАМА Хигиена, алати и организација на работно место Теорија на бои и избор на производи Анализа, типови и подготовка на кожа Контурирање, хајлајт и корекции на лице Работа со различни типови очи и веѓи Вечерна и глам шминка Свечени фризури – гратис обука Фотографија и презентација и портфолио на работа Практична работа и полагање • Комплетен изглед шминка и фризура Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката и го положат завршниот испит • Сертификат за професионален шминкер • Сертификат за свечени фризури

Информации за упис

Времетраење10 дена

* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.