

За Обуката
Професионална обука за модерна надградба на нокти со дуал типс техника, наменета за почетници кои имаат базна обука за маникир и лица кои сакаат да ги усовршат своите техники во маникир индустријата.
Кандидатите учат правилна подготовка на нокт, работа со полигел и гел, поставување на различни дуал форми, baby boomer техника и креирање прецизни и долготрајни форми на нокти.
Обуката е фокусирана на практична работа, правилна архитектура на нокт, прецизност и брзина при работа со клиенти.
Обуката може да биде групна или индивидуална.
Кандидатите после обуката се стекнуваат со сертификат за работа со дуал типсови.
Информации за упис
Времетраење1 ден
* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.