Обука за класична и бразилска мадеротерапија
Назад кон обукитеЛични-козметички услуги

Обука за класична и бразилска мадеротерапија

Обука за класична и бразилска мадеротерапија

За Обуката

Обуката за класична и бразилска мадеротерапија е наменета за сите кои сакаат професионално да ги совладаат техниките за обликување на телото, намалување на целулитот, подобрување на циркулацијата и лимфната дренажа со помош на специјално дизајнирани дрвени алатки. Програмата опфаќа теоретска и практична настава, при што кандидатите се обучуваат за правилна примена на техниките на целото тело, според индивидуалните потреби на клиентот. За време на обуката, учесниците ќе научат како правилно да ги користат сите мадеро алатки, како да изработат индивидуален план за третман и како безбедно и професионално да работат со клиенти. По успешно завршување на обуката, кандидатите ќе бидат подготвени самостојно да изведуваат класична и бразилска мадеротерапија во козметички салон или како самостојна услуга. ПРОГРАМА Вовед во класична и бразилска мадеротерапија Анатомија на телото и лимфниот систем Индикации и контраиндикации Запознавање со мадеро алатките и нивната намена Правилно користење на козметички производи и масла Техники за класична мадеротерапија Техники за бразилска мадеротерапија Работа на различни региони од телото Лимфна дренажа и антицелулитни техники Протоколи за обликување на телото Практична работа на модели Нега и препораки по третманот Работа со клиенти и професионална презентација на услугата Кандидатите кои ќе ја завршат обуката и ќе го положат завршниот испит се стекуваат со 2 сертификати - за класична мадеротерапија и бразилска мадеротерапија

Информации за упис

Времетраење1-2 дена

* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.