

За Обуката
Сеопфатна и професионално структуирана обука наменета за сите кои сакаат да стекнат современи знаења и практични вештини во областа на професионалниот маникир. Програмата опфаќа теоретска и практична настава преку која кандидатите учат правилна нега на природни нокти, професионална подготовка на ноктна плочка, обликување, нанесување гел лак и современи техники за естетски и долготраен изглед на ноктите.
Посебен акцент се става на хигиената, дезинфекцијата, правилната употреба на професионални алати и материјали, како и стекнување сигурност при работа со клиенти. Кандидатите ќе научат како правилно да препознаат различни типови нокти, да изберат соодветни производи и да изработат професионален маникир според современи стандарди.
ПРОГРАМА
Хигиена, безбедност и организација на работа и работен простор
Анатомија и анализа на нокт
Класичен маникир и подготовка
Руски маникир и подготовка
Гел лак техника
Гел техника, надградба со излевање, форми и декорации (френч,хром,омбре)
Практична работа на модел и полагање
Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката и го положат завршниот испит
Сертификат за БАЗНА ОБУКА ЗА МАНИКИР
Информации за упис
Времетраење5 дена
* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.