Вакуум чашки
Назад кон обукитеЛични-козметички услуги

Вакуум чашки

Вакуум чашки

За Обуката

Обуката со вакуум чашки е наменета за сите кои сакаат професионално да ги совладаат техниките за вакуум терапија кои придонесуваат за подобрување на циркулацијата, стимулирање на природните процеси на организмот и олеснување на мускулната напнатост. Програмата опфаќа теоретска и практична настава и ги вклучува сите неопходни техники за безбедна и правилна примена на вакуум чашките во козметички и велнес третмани. За време на обуката, кандидатите ќе се запознаат со различните видови вакуум чашки, нивната примена на различни делови од телото, како и со техниките на работа кои овозможуваат постигнување оптимални резултати. По успешно завршување на обуката, учесниците ќе бидат подготвени самостојно да ги изведуваат третманите согласно професионалните стандарди. ПРОГРАМА Скратена програма на обуката Вовед во вакуум терапијата Историја и примена на вакуум чашките Индикации и контраиндикации Анатомија на телото и циркулаторниот систем Видови вакуум чашки и нивна намена Подготовка на клиентот и работниот простор Техники на статична и динамична вакуум терапија Површински техники со вакуум чашки Техники кои вклучуваат контролирана подготовка на кожата Работа на различни региони од телото Нега по третманот Практична работа на модели По завршена обука и успешно положен завршен испит кандидатите се стекнуваат со Сертификат за терапија со вакуум чашки

Информации за упис

Времетраење1 ден

* Уписите се во тек. Бројот на места по група е ограничен со цел поквалитетна посветеност кон секој кандидат.